Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак го пофали тренерот на својата екипа Диего Симеоне со комплименти пред 1/8 финалниот дуел од Лигата на шампионите против Челзи вечерва во Букурешт.
„Тој е одличен тренер. Не е лесно да се биде во тим толку многу години. Има малку тренери во светот кои работеле долго време за некој клуб и секогаш го држеле на врвот. Такви беа Фергусон во Манчестер Јунајтед и Арсен Венгер во Арсенал. Диего е во Атлетико веќе девет години и не му е лесно секоја година да го мотивира тимот да прави што сака. Мора да бидете добар мотиватор, а тој не е лош во тој поглед. Тој е исто така е многу добар во анализа на противникот, во подготвување тактика за игра протов секого. Работи одлично“, изјави Јан Облак.

