Голманот на Севиља, Боно, имаше уште еден натпревар во кој не прими гол, односно имаше рекордна „сува мрежа“ во победата од 2:0 како гостин над Осасуна во натпревар од 24-то коло во Ла Лига.
Чуварот на мрежата на Севиља го одигра петтиот последователен натпревар без примен гол во шпанското првенство. 29-годишниот Мароканец не ја вадел топката од својата мрежа цели 517 минути, што е рекорд за клубот во Ла Лига.
Тој сега е пред Бета (516 минути) и Андрес Палоп (511). Боно оваа сезона одигра 31 натпревар за Севиља, со 18 „суви мрежи“ и примени 19 голови.

