Тренерот на фудбалерите на Лацио, Симеоне Инзаги, за официјалниот веб-портал на „римските орли“, изјави, дека мечевите со Баерн Минхен во елиминацииите во Лигата на шампионите се кулминација на петгодишната работа.
„Ќе се обидеме да го одиграме мирно натпреварот. Долго време знаевме дека конечно ќе ни дојде убава ноќ. Мислиме само на тој натпревар“ – вели Инзаги.
„ Сакаме да го прикажеме најдоброто. Свесни сме дека тие се тим против кој е речиси невозможно да се игра, но, ние сме покажувале добри игри иако не сме биле фаворити“ – изјави Инзаги.

