Легендата на германскиот фудбал, Мирослав Клосе кој е помошник-тренер во Баерн Минхен а во дел од кариерата настапуваше и за Лацио, вели дека Роберт Левандовски е подобар играч и напаѓач од Чиро Имобиле.
„Среќен сум што го гледам Лацио во ЛШ. Жал ми е што играчите мора да играат без публика. Не можам да си замислам ништо подобро од меч Лацио – Баерн пред полн стадион“ – вели фудбалерот кој има потекло од Полска.
„Левандовски го тренирам секој ден. Убиствен е со двете нозе, брз е, игра добро со глава. Имобиле исто така е многу добар, креира шанси, има добар шут, но, му давам предност на Левандовски“ – вели Клосе.

