Тренерот на Баерн (М), Ханси Флик вели дека играчите ги исполниле сите негови очекувања во триумфот над Лацио во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Европскиот шампион славеше во Рим со 4:1 и практично веќе обезбеди пласман во четвртфиналето.
„Сите играчи ги исполнија очекувањата. Нашата намера беше да ги ставиме под притисок од почетокот на средбата и го сторивме тоа. Освојувавме топки високо во нивната половина, создадовме многу можности и убедливо славевме. Многу сум среќен“, изјави Флик.
Реваншот е закажан за 17 март во Минхен.

