Голманот на Барнли, Ник Поуп, е на мета на Тотенхем, пишува Дејли меил. Според изворот, клубот бара замена за Уго Љорис, кој се поизвесно ќе се пресели во ПСЖ на лето.
Договорот на Љорис со Тотенхем завршува во летото 2022 година, а Тотенхем сака да го подмлади ставот со нов голман, па затоа почна да се врти кон Ник Поуп од Барнли.
Поуп оваа сезона одигра 25 натпревари за Барнли, прими 26 гола и деветпати остана несовладан.

