Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да го напушти Ливерпул летото 2022 година за да ја преземе германската репрезентација, пишува „Билд“.
И покрај проблемите во Ливерпул оваа сезона и слабите резултати во последните месеци, тренерот неодамна изјави дека не планира да го напушти „Енфилд“. Ова не ги спречува германските медиуми тврдоглаво да го поврзат со Бундес тимот. Клоп (53 години) има договор со Ливерпул до 2024 година.
*** BILDplus Inhalt *** Gehen? Fliegen? Bundestrainer? – Die 4 Klopp-Szenarien https://t.co/Kz0xpAbofe #Sport #News
— BILD Sport (@BILD_Sport) February 23, 2021
Според Билд, 68% се шансите Клоп да го замени селекторот Јоаким Лев по Светското првенство во Катар во 2022 година. Изданието тврди дека намерите на Клоп се јасни и тој сака да се врати во Германија.
Плановите на тренерот беа да го напушти англискиот шампион летото 2022 година, да паузира шест месеци и да започне да работи со репрезентацијата на неговата земја на почетокот на 2023 година.
Доколку Клоп замине следното лето, тој ќе има поминато седум години во Ливерпул. Токму толкав период работеше во неговите први два клуба како тренер – Мајнц и Борусија (Дортмунд).

