Младиот дефанзивец на Фиорентина, Никола Миленковиќ, се почесто се поврзува со трансфер во друг клуб.
Договорот на 23-годишниот фудбалер ќе истече во текото на летото и тој нема намера да го продолжи. Токму тоа предизвика многу шпекулации за неговата фудбалска кариера. Во последните недели тој се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Борусија (Дортмунд).
„Виолетовите“ досега одбија само една понуда за Миленковиќ која беше испратена од Вест Хем и тоа во висина од 25 милиони евра.

