Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк, прв пат направи тренинг со топка по тешката повреда што го извади од терените подолг период.
29-годишниот стопер продолжува да се опоравува од повредата што ја заработи на 17 октомври на натпреварот од 5-то коло во Премиер лигата против Евертон (2:2).
Холанѓанецот денеска работеше прво во теретана а потоа и на тревнатиот терен. Искусниот дефанзивец во сезонава одигра 8 натпревари за Ливерпул и постигна 1 гол.

