Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата над Борусија (Менхенгладбах) од 2:0 во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Сепак, тренерот ги критикуваше своите напаѓачи за премногу промашени шанси на натпреварот.
„Генерално, го контролиравме натпреварот. За жал, не бевме доволно прецизни во нападот. Ова е нешто што треба да го подобриме, особено во ова натпреварување. Треба да бидеме прецизни во завршната фаза од нападот. На овој турнир треба да бидете совршени за да бидете сигурни дека ќе продолжите понатаму“, рече Гвардиола.
Шпанецот не се согласува дека неговиот тим е главен фаворит за освојување на титулата во ЛШ.
„Кога го гледам Баерн, не сум сигурен дека сме фаворити. Но, сега треба да размислиме за мечот со Вест Хем за три дена. Ако луѓето велат дека сме фаворити, ќе мора да го прифатиме тоа. Но, да не заборавете дека станува збор за тим кој еднаш во целата своја историја стигнал до полуфиналето. Сепак, штом еднаш кажат дека сме фаворити, ќе прифатиме“, рече Гвардиола по натпреварот во Будимпешта.

