Напаѓачот на Челзи, Тами Абрахам одбива да потпише нов договор со клубот, тврдат медиумите во Лондон. 23-годишниот играч игра помалку од доаѓањето на новиот менаџер Томас Тухел. Тој е загрижен и за гласините дека лондончани се близу до привлекување на напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд.
Актуелниот договор на Абрахам е до јуни 2023 година и во оваа фаза тој не сака да преговара за негово продолжување се додека не дознае каква ќе биде неговата улога во клубот на долг рок. Тој сака да игра редовно, и во оваа фаза се чини дека клубот сака да го задржи, но повеќе со улога на резерва.
Така, нема да биде изненадување ако Абрахам побара трансфер следното лето. Лондончани ќе можат да искористат да ја наполнат касата и да обезбедат посериозен буџет во остварувањето на нивната голема цел Ерлинг Халанд.

