Голманот на ЦСКА (Москва) Игор Акинфеев беше изолиран од тимот поради одредени симптоми кои можат да бидат знаци за коронавирус.
„Нашиот голман беше изолиран од тимот и е под контрола на лекарите на клубот, кои во моментов ги прават потребните прегледи“, се вели во соопштението на клубот. Екипата на ЦСК Москва по 19 натпревари ја зазема втората позиција на табелата со 37 бода, а лидер е Зенит (Санкт Петербург) со 41.
Во 20-тото коло на рускиот шампионат ЦСКА Москва игра против Локомотив (Москва) на 27 февруари.
