Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала одлета за Барселона на консултација со познат хирург. Фудбалерот е придружуван од еден од членовите на медицинскиот персонал на Јувентус.
Според „Фудбал Италија“, Аргентинецот не гледа подобрување во процесот на опоравување по повредата на коленото. Ситуацијата го загрижува и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло. Хирургот Кугат ќе го советува Дибала за можна операција на коленото, што може да биде потребна доколку повредата е посериозна отколку првично се мислеше. Дибала се повреди на 10 јануари на натпреварот од 17-то коло на италијанската Серија А против Сасуоло.
27-годишниот Аргентинец го напушти теренот во првото полувреме, а оваа сезона има одиграно 16 натпревари за Јувентус, постигна 3 гола и 2 асистенции.

