Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората го пропушти тренингот на тимот од Торино, што се одржал вчера, се наведува на официјалната веб-страница на Јувентус. Причината за пропуштање на тимскиот тренинг е вирусна инфекција.
Претходно, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека на Мората му се слошило во соблекувалната по 1/8 финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Порто (1:2).
Мората се пресели во Јувентус од Атлетико Мадрид на позајмица во септември 2020 година. Оваа сезона, 28-годишниот играч учествуваше на 18 натпревари од италијанската Серија А, постигна 4 гола и 7 асистенции. Јувентус има 45 поени од 22 натпревари и е на 3-то место на табелата зад Интер и Милан.

