Тренерот на фудбалерите на Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ, не е задоволен од одлуката на главниот судија на вчерашниот меч со Милан кога на неговиот тим не му дозволи да изведе корнер во последените секунди.
Мечот во Италија заврши нерешено 1:1 а Белграѓани кои 20-тина минути играа со фудбалер помалку на крајот се елиминирани со вкупен резултат 3:3 или поради помалку постигнати голови на гостински терен. По мечот Станковиќ не криеше дека сите во тимот биле бесни на одлуката на судијата.
„Требаше да ни дозволат да го изведеме корнерот! Да беше обратна ситуцијата, Милан сигурно ќе изведеше корнер. Требаше да бидеме наградени за тоа што го оставивме срцето на терен!“ – изјави Станковиќ.

