Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со голманот Дин Хендерсон тврди денеска – „Manchester Evening News“.
23-годишниот чувар на мрежата не е задоволен од минутажа што му ја дава тренерот, Оле Гунар Солскјер и затоа сака да замине во друг тим уште во текот на наредното лето. Тој има одиграно 13 натпревари како стартер и тоа два од нив беа во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ за младиот голман поставија цена од 40 милиони фунти и немаат намера да ја намалат. За потписот на Хендерсон се заинтересирани: Тотенхем, Челзи и Борусија (Дортмунд).

