Крилниот ракометар на Вардар, Гоце Георгиевски, пред заминувањето на мечот со Мотор Запорожје во СЕХА лигата вели дека Украинците играат добар ракомет.
„Имавме многу средби за краток период, тешко е за нас но, верувам и за другите екипи. Мотор игра добро и во Лигата на шампионите, третопласиран е во тешка група. Од тоа што можевме да видиме, тие многу трчаат, постигнуваат многу голови и имаат квалитетна екипа“ – вели Георгиевски.
Вардарци досега во СЕХА лигата имаат максимален ефект со двете победи остварени дома против Нексе и Војводина

