26-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, кој има договор до 2022 година може да добие понуда да се пресели во Италија или Шпанија, објави денеска „Дејли меил“.
Според наведеното, стоперот на „црвените ѓаволи“ кој во континуитет се соочува со потешки повреди, може да си замине од Англија доколку ситуацијата не се подобри.
Весникот –„Сан“ , пишува дека првичните преговори за продолжување на соработката се започнати и дека на фудбалерот му било посочено дека мора да биде здрав во текот на целата сезона за да добие нов договор.

