Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, ќе остане без услугите на двајца стандардни првотимци за денешното гистување кај Рома во новата рунда во серија „А“.
Станува збор за Бенасер и Марио Манџукиќ кои имаат повреди на мускулите и нема да можат да и помогнат на екипата на тешкото гостување од 20.45 часот на „Олимпико“.
Французинот кој е составен дел од средниот ред се повреди во четвртокот на мечот со белграѓани во Лига Европа додека Манџукиќ заработи повреда на еден од тренизите пред градското дерби со Интер.

