Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не планира да прави големи промени во ростерот за наредната сезона доколку остане на кормилото на „црвените“.
Германецот кој е на удар на медиумите откако неговите избраници се елиминирани од трката за шампионската титула во Премиер-лигата, нема намера да направи сериозни освежувања во тимот.
„Нашиот проблем е што првиот тим играше малку заедно во сезонава. Трансфер пазарот е отворен, но, бидете убедени дека сериозни промени ќе нема“ – изјави Клоп пред денешното гостување кај Шефилд Јунајтед. Мечот ќе започне во 20.15 часот.
