Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Тимоти Фосу-Менса е сериозно повреден, објави „Л’Екип“.
23-годишни фудбалер заработи повреда на последниот натпревар одигран вчера. Според резултатите од лекарскиот преглед, му била дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Закрепнувањето треба да трае од шест до девет месеци.
Така, Фосу Менса нема да и помогне на репрезентацијата на Холандија на претстојното Европско првенство, што ќе се одржи ова лето. Во групната фаза од натпреварувањето, репрезентацијата на Холандија ќе игра со Австрија, Украина и Македонија.
Фосу-Менсах се приклучи на Баер Леверкузен кон средината на јануари од Манчестер Јунајтед. Останаа шест месеци до истекот на договорот на играчот со „црвените ѓаволи“, а германскиот клуб Тимоти го чинеше помалку од 2 милиони евра. За тимот на Леверкузен, дефанзивецот одигра 6 натпревари во Бундеслигата и доби 2 жолти картони.

