Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти двата натпревари од 1/8-финалето во Лига Европа со Манчестер Јунајтед поради повреда на мускулот, објавија денес медиумите во Италија.
Првиот натпревар на Милан против Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 11 март, реваншот ќе се одржи на 18 март.
Да потсетиме, шведскиот напаѓач се повреди на мечот од 24. коло на италијанскиот шампионат со Рома (2:1) и беше заменет во 56. минута од средбата. На негоо место во игра влезе напаѓачот Рафаел Леао.
За Ибрахимовиќ се вели дека има мускулни проблеми на левиот бут. Во тековната сезона од Лига Европа, Златан Ибрахимовиќ одигра пет натпревари, постигна еден гол и една асистенција.

