Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јасно стави до знаење дека само најподготвените ќе добијат шанса на теренот да ја продолжат фантастичната серија од 20-ет последователни победи во сите конкуренции.
Иако „граѓаните“ се повеќе ја зголемуваат предноста во однос на конкурентите во Премиер-лигата и чекорат кон титулата, шпанскиот стратег вели дека не смее да има опуштање.
„Колку повеќе победуваме, толку повеќе треба да бараме од нашите фудбалери. Ако почувствувам дека некој размислува дека работата е готова, тој нема да игра“ – потенцираше Гвардиола.

