Фудбалерот Факијо Томори кој во јануари пристигна во Милан како позајмен од Челзи, успеа со неговите одлични партии во континуитет да ги воодушеви сите во Милано.
Клубот од Италија има опција да го откупи неговиот договор во текот на летото за 28 милиони евра. Медиуми на „Чизмата“, откриваат, дека „росонерите“ наскоро ќе започнат преговори за начинот на плаќање. Нивна желба е тоа да биде на две-три рати доколку се согласат „сините“ од Лондон.
Во исто време, 23-годишниот дефанзивец потенцира дека има желба да остане во Милан и да потпише долгогодишна соработка.

