Олимпик Марсеј го раскина договорот со поранешниот тренер Андре Вилаш-Боаш. На 2 февруари, португалскиот тренер доби отказ откако сакаше да даде оставка поради несогласување со политиката на клубот.
Управата објави дека договорот е раскинат со заедничка согласност и му се заблагодари на Вилаш-Боаш за неговиот придонес во развојот на деветкратниот шампион на Франција.
43-годишниот Португалец го наследи 60-годишниот Хорхе Сампаоли, кој веќе пристигна во Франција. Аргентинецот сега ќе има 7-дневен карантин поради пандемијата на коронавирусот, а потоа ќе почне со работните обврски во Олимпик Марсеј.

