Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, откри кога планира да стави крај на богатата фудбалска кариера. Легендарниот чувар на мрежата на „аѕурите“ дебитираше во професионалните води во ноември во 1995 година во дресот на Парма. Потоа поголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус.
„Имам замислено во мојата глава дека тоа ќе биде во јуни во 2023-та година. Тоа е максимумот, иако можам да престанам да играм и по четири месеци “ – изјави Буфон за весникот -„Гардијан“.
Буфон со „старата дама“ успеа да освои 10-ет титули во Серија „А“. Тој е светски шампион со италијанската репрезентација. Во еден период од кариерата ги бранеше и боите на ПСЖ.

