Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека Бруно Фернандеш треба да има поголема помош од соиграчите доколку сака да ја освои наградата за најдобар играч во Премиер-лигата.
Португалецот во 40 натпревари постигна 23 голови и направи 17 асистенции. И покрај тој ефект на играчот на „црвените-ѓаволи“, Сколс тврди дека Фернандеш сè уште не заслужува да освои индивидуална награда.
„Тој постигнува голови, но, тоа не се случува на големите дерби мечеви. На крајот на краиштата, секој игра во Манчестер Јунајтед за да освојува титули. Бруно треба да има поголемо влијание кај другите фудбалери“ – нагласи Сколс.

