Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека клубот нема да ги пушти фудбалерите да настапат за нивните национални тимови доколку треба да бидат во карантин 10 дена по враќањето во Велика Британија.
Тука спаѓаат бразилските државјани Алисон, Фабињо и Роберто Фирмино, како и португалскиот државјанин, Диого Јота. Имено, Бразил и Португалија се земјите што британската влада ги стави на црвената листа.
„Мислам дека сите клубови од Премиер-лигата го имаат истот проблем. Не можеме да се согласиме да ги пуштиме момците и потоа кога ќе се вратат да бидат ставени во карантин. Ја разбирам потребата, но, мора да признаеме дека играчите ги добиваат платите од клубовите. Затоа, тие мора да бидат нивен приоритет “, рече Клоп.
