Иако фудбалерот Ромелу Лукаку во 2019 година премина од Манчестер Јунајтед во Интер за сума од околу 75 милиони фунти, „нероаѕурите“ уште должат 2/3 од таа бројка или некаде околу 50 милиони, објави денеска – „Кориере дело Спорт“.
Италијанското издание додава дека првичниот договор меѓу двата тима наложува сумата за напаѓачот да се плати во рок од две години, но, гигантот од Милано не го заддржа континуитетот на исплата поради финансиските проблеми поврзани со пандемијата со КОВИД-19.
Англискиот тим, пак, се надева дека сите пари ќе ги добие до летниот трансфер период за да можат да ги искористи за купување на нови фудбалери.

