Луѓето од Ливерпул се заинтересирани за дефанзивецот на Олимпик, Марсеј, Бубакар Камара, објавија денеска дел од англиските медиуми.
21-годишниот фудбалер потекнува школата на францускиот состав и досега има одиграно 100 натпревари и постигнато 3 гола. Камара може да игра во центарот на одбраната или како дефанзивен играч за врска.
Тој би бил добра опција за „црвените“ како можна замена за Жоел Матип за кого се шпекулира дека ќе биде продаден во текот на летото.

