Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се повреди во полуфиналето на Купот на Шпанија против Севиља (3:0).
На 34-годишниот фудбалер му беше дијагностицирана истегнување на внатрешниот страничен лигамент на десното колено, информираат од прес-службата на Барселона.
Времето на опоравување на Пике е сè уште непознато. Голот на Жерар Пике против Севиља и помогна на Барселона да изедначи во вкипниот резултат (2:2) а подоцна преку продолженија да обезбедат пласман во финалето.
Противиник на Барселона во финалето ќе биде победникот од пресметката меѓу Леванте и Атлетик Билбао која се игра вечерва.Актуелен освојувач на Купот е Валенсија, која ја победи Барселона со 2:1 во финалето на 25 мај 2019 година на стадионот „Бенито Виламарин“ во Севиља. Шпанскиот куп 2019/2020 сè уште трае, поради коронавирусот.

