Дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон, по поразот на тимот на натпреварот против Челзи синоќа во рамките на 29. коло од Премиер лигата вели дека овој Ливерпул не е ни налик на оној од минатата сезона.
„5 домашни натпревари без победа не е ниту близу до прифатлив резултат. Ние стануваме премногу досадни кога губиме со 1:0. Ливерпул не може да се потпре на минатото. Минатата сезона заврши, тоа е тоа. Ние не сме ни приближно добри како што треба да биде Ливерпул. Нашиот пад продолжува и ова не е добро. Остануваат сè помалку натпревари, треба да извршиме притисок врз екипите под нас. Луѓето мислат дека сме во криза и треба да победуваме за да докажеме дека не сме. Во моментов не го правиме тоа“, рече Робертсон.

