Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез ова лето сигурно ќе го напушти клубот и ќе бара нова средина.
29-годишниот фудбалер не планира да го продолжи договорот кој му истекува оваа година. Наспроти ова, италијански Милан се заинтересира за Шпанецот, бидејќи „росонерите“ бараат офанзивен играч за врска, па во случајов Лукас би бил идеално засилување.
Преговорите треба да почнат деновиве, а останува да се види дали фудбалерот на Реал е подготвен за трансфер во Италија.
