Поранешниот фудбалер и легенда на Ливерпул, Мајкл Овен, има чудна терорија зошто Садио Мане пропушти можност барем да се обиде да изнуди пенал на дуелот со Челзи иако имаше таква можност.
Поранешниот напаѓач на „црвените“ верува дека Мане намерно не изнудува пенали затоа што нив би ги изведувал, Мо Салах.
„Не ми се верува дека не падна при тој старт. Имаше контакт, но, нешто слично направи и пред една недела против Шефилд Јунајтед. Мане мисли дека ќе има шанса да постигне погодок си вели „Ќе се обидам да постигнам погодок, ако не останам на нозе, Мо Салах можеби ќе добие нов пенал“- го објасни неговото размислување Овен.

