Арсенал е последниот англиски фудбалски клуб кој ќе се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахима Конате.
Не е тајна дека за 21-годишниот Французин се заинтересирани Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Менаџерот на „топчиите“, Артета, проценил дека му треба стабилен играч во одбраната и дека Конате може лесно да се вклопи во тимот.
Во исто време, тренерот на „црвенитe“, Јирген Клоп, сака да го ангажира црномурестиот фудбалер за да му биде партнер во одбраната на Вирџил ван Дајк.

