Група навивачи на Фиорентина не се задоволни од настапите на тимот оваа сезона, објавија медиумите во Фиренца.
За време на тренингот на екипата, околу 150 навивачи излегоа на протест, извикувајќи „Почитувај го нашиот дрес“ и активирајќи пиротехника.
Навивачите закачија и транспарент: „Денес има бомби, но утре не знаеме! Внимателно! “
Во моментов на чело на Фиорентина е Чезаре Прандели. По 25 натпревари, тимот е на 14-то место со 25 бода.
Фиорентина во моментов е на само 5 бода плус од Торино кој е во зоната на испаѓање, а утре тимот од Фиренца на домашен терен ја пречкува Парма која е еден од претендентите за преселба во Серија Б.

