Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, заработи воспаление на десниот колк за време на денешниот тренинг на тимот и затоа не влезе во групата на играчи на Милан за утрешниот натпревар против Верона.
На негово место беше повикан Емил Робак од втората екипа на Милан, а Јенс Питер Хауге најверојатно ќе стартува од почетокот на мечот против екипата на Верона.
Другите повредени во тимот на Милан се Златан Ибрахимовиќ, Хакан Чалханоглу, Исмаил Бенасер, Марио Манџукиќ и Даниел Малдини кои нема да бидат во комбинација за настап на оваа средба.

