Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Автомобилистот Рико Вуков ги стартуваше подготовките за новата сезона и упати апел до МНР
    Фудбал

    Автомобилистот Рико Вуков ги стартуваше подготовките за новата сезона и упати апел до МНР

    risteBy riste07/03/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Неколку седмици откако на гламурозна промоција во Скопје го претстави автомобилот Порше 991 ГТ3 со кој ќе настапува во 2021 година, македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико веќе ги најави првите активности.

    Иако официјалните тестирања за италијанскиот куп се закажани во мај, тој веќе во втората половина на март ќе има приватни тестирања со тимот на Џанлука Ди Лоренци, со кој што настапуваше и минатата година.

    „Од тимскиот шеф имам конкретни забелешки! Лани најголем проблем имав со чувството за сопирачките, бидејќи тоа не е како во обичниот живот, туку од мене се бара отсечен и силен удар по педалата, нити пресилен, нити преслаб. Тоа го компромитира влезот во свиокот, брзината низ свиокот, однесувањето на возилото. Не е едноставно! Исто така ми бараше да бидам поагресивен со воланот, да не стравувам дека ќе го изгубам возилото и така натаму. Сето тоа планирам да го корегирам оваа година. Оваа зима ја посветив на различен тип на тренинзи, како на физички план, така и на психички план одржувајќи концентрација преку возење на симулатор, надградувајќи ги досегашните искуства. Патеките веќе ги познавам добро, така што сега е време да се состави мозаикот“ вели Вуков.

    Минатата сезона Вуков за прв пат возеше во Порше Карера Куп Италија, но во таа мисија се соочи и со низа непријатности бидејќи поради светската пандемија границите беа затворени. Во одредени моменти, неговите настапи зависеле од разбирањето што можеле да го имаат полицајците во странските земји низ кои патувал, или пак од снаодливоста да ја мине границата со рент-а-кар возило кое има странски таблички, само за да не биде задржан.

    „Испраќам апел до надлежните институции, пред се Министерството за надворешни работи, заедно со Агенцијата за млади и спорт, за нас како спортисти кои ја претставуваме државата на разни европски и светски натпреварувања, да ни обезбеди соодветна документација со која ќе можеме полесно да ги оствариме нашите цели. Нашите патувања беа исполнети со разни моменти на депримираност и дефокусираност од главната цел, буквално моравме да преговараме на некои гранични премини или со некои претставници на полицијата во земјите каде што патувавме. Искрено се надевам дека оваа година и на тоа поле ќе има напредок, бидејќи моја цел е да бидам на подиумот и да го развеам македонското знаме“ заврши Ристо Вуков.

    Првите настапи на Рико се закажани на 5 и 6 јуни 2021 година, на патеката „Марко Симончели“ во Мизано крај Римини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.