Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за стабилноста на резултатите на англискиот клуб во последната деценија.
„Што е најважно, по освојувањето на трофејот, Манчестер Сити остана повторно да се бори за него и следната сезона. По шампионската титула во Премиер лигата, не паднавме под второто место на табелата. Гледате како други шампиони се обидуваат да влезат во топ 4, што значи дека имаме стабилност да се бориме постојано за титулата. Вака станувате почитуван клуб.
Може да се освои еден трофеј, но ние сме на врвот подолго време. И ова е она на што сум најмногу горд. Манчестер Сити учествува во сите натпреварувања и се бори за освојување на Премиер лигата. Се надеваме дека оваа година ќе стигнеме до четвртфиналето во Лигата на шампионите, но ако дојдеме до трофеј оваа сезона, тоа ќе значи дека сме најдобриот клуб“, рече Гвардиола.

