Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Жоан Лапорта се враќа на чело на Барселона
    Фудбал

    Жоан Лапорта се враќа на чело на Барселона

    risteBy riste08/03/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вчера беше еден од најважните денови на Барселона и нејзината иднина, беа одржани изборите за нов претседател кој во овие тешки моменти на клубот треба да ја врати екипата во вистинскиот колосек. Иако во ковид-услови, шпанскиот гигант по овие избори доби нов претседател.

    Од денес, со клубот ќе раководи Жоан Лапорта, тој е повратникот на позицијата прв човек на Барселона. 58-годишниот адвокат, веќе беше претседател на Барселона во периодот од 2003 до 2010 година.

    Лапорта во овој свој мандат го водеше клубот со многу успех, а беше на чело кога Барса освои најмногу титули (шест) во една сезона во 2009. На претседателските избори Лапорта како конкуренти ги имаше Антони Фреикса и Виктор Фонт, но гласачкото тело сепак се реши да му даде доверба на веќе испробано име. На изборите во Барселона, Лапорта победи со огромна предност пред противниците, зад себе имаше 57.61% од гласовите, додека зад него беше Фонт со 31.65%, а Фреикса освои само 9,45%.

    Еден од првите приоритети на Жоан Лапорта во следните четири години ќе биде како да ја задржи првата ѕвезда во екипата Лионел Меси, едно од неговите главни ветувања кое треба да го исполни.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.