Тренерот на Порто, Сержо Консеисао беше воодушевен откако неговиот тим се пласираше во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
„Змејовите“ успеаа да го елиминираат Јувентус со играч помалку во целото второ полувреме и продолженијата, откако загубија со 2:3 по продолженијата на реваншот во Торино, но со гол повеќе постигнат на гостински терен се пласираа во следната фаза. Тој смета дека ваквите натпревари остануваат во историјата.
„Ваквите натпревари остануваат во историјата на клубот. Играчите ги воодушевија навивачите со страста што ја покажаа. Имам група храбри играчи кои на најдобар начин го исполнија она што го барав од нив. Покрај тоа, тоа се случи против одличен тим како што е Јувентус, но во исто време создадовме многу потешкотии за Јувентус. Покажавме дека сме вистински тим. Честитки за играчите кои завршија одлична работа. Откако имавме исклучување, ја покажавме вистинската ДНК на Порто. Вградена е во ској играч на начиот клуб“, рече Консеисао.

