Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, стана играч во Лигата на шампионите, кој постигна најбрзо 20 погодоци и воедно е најмладиот играч што го стори тоа, откако синоќа погоди двапати за 2:2 против Севиља. Овој резултат го однесе неговиот тим во четвртфиналето.
Ronaldo took 56 games to score 20 Champions League goals.
Messi was a bit quicker – 40 games.
Lewandowski was even better, only 36 games.
Erling Haaland did it in 14.
FOURTEEN. pic.twitter.com/AC8idHKnFs
— Goal (@goal) March 9, 2021
На 20-годишниот Норвежанец му беа потребни само 14 натпревари за да стигне до бројката од 20 погодоци во Лигата на шампионите. Тоа се 10 натпревари помалку од претходниот рекордер Хари Кејн од Тотенхем. Тој исто така постави рекорд една година порано од Килијан Мбапе, кој постигна 20 гола во Лигата на шампионите непосредно пред да наполни 22 години. Оваа сезона Халанд постигна 10 гола на 6 натпревари.

20-годишниот напаѓач стана и најуспешниот Норвежанец во Лигата на шампионите на сите времиња, откако имаше еден гол повеќе од сегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер.

Со само 20 години и 231 ден , ерлинг халанд стана и најмладиот фудбалер кој постигнал 20 гола во Лигата на шампионите и го надмина Килијан Мбапе кој за ова достигнување имаше 21 година и 355 дена.

