Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона пред нов предизвик и потрага на сензација во Париз
    Фудбал

    Барселона пред нов предизвик и потрага на сензација во Париз

    risteBy riste10/03/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва од 21:00 часот се игра и реваншот помеѓу ПСЖ и Барселона од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

    Францускиот шампион го победи својот противник со 4:1 во првиот натпревар на „Камп Ноу“ и веќе е со една нога во следната фаза. Парижаните би биле целосно смирени во однос на нивната предност против кој било друг ривал, но не и против Барселонаа. Каталонците направија еден од најпознатите пресврти во ЛШ против ПСЖ и сега сонуваат за нов таков подвиг.

    Сите се сеќаваме како во сезоната 2016/17 Барса и ПСЖ беа повторно едни против други во 1/8 финалето. Тогаш Французите победија со 4:0 на првиот натпревар на домашен терен и веќе беа видени во следната фаза. На реваншот, сепак, Шпанците го сторија невозможното и победија со 6:1 и го елиминираа својот противник. Барса исто така го елиминираше ПСЖ во сезоната 2014/15 во четвртфиналето по 3:1 во Франција и 2:0 во Шпанија.

    Во сезоната 2012/13, двата тима повторно беа еден против друг во четвртфиналето, бидејќи двата натпревари завршија нерешено 2:2 на „Паркот на принцовите“ и 1:1 на „Камп Ноу“, но Каталонците продолжија понатаму поради гол повеќе постигнат на гостински терен.

    Само во првата меѓусебна елиминациска пресметка во четвртфиналето во 1994/95 година, Французите ја елиминираа Барса по 1:1 во Шпанија и 2:1 во Париз.

    Досега статистичките податоци се на страна на Барселона, но сега ситуацијата е сосема поинаква. Каталонците не се во посакуваната форма, а во исто време, ПСЖ е во подем и не ги крие своите големи амбиции за триумф во ЛШ. Згора на тоа, овојпат предноста на Французите од 4:1 беше постигната како гостин, така што за Барселона има тешка задача да ги сврти работите во нивна корист.

    Тренерот на домаќините Маурисио Покетино ниту на овој натпревар нема да може да смета на ѕвездата на тимот Нејмар. Покрај него, мечот ќе го пропушти и Моис Кин, кој има коронавирус, како и Хуан Бернат, кој има повреда на коленото. Учеството на Алесандро Флоренци е доведено во прашање, но тој најверојатно ќе може да игра.

    Во Барса, проблемите со повредите остануваат сериозни. Жерард Пике, Роналд Араухо, Серхи Роберто, Ансу Фати и Филипе Кутињо се уште се опоравуваат од повредите и не се подготвени да играат. Сепак, нивното отсуство не е новост и Куман е веќе навикнат да не може да смета на нив.

    Веројатни состави:
    ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Гај, Паредес, Верати, Ди Марија, Мбапе и Икарди.

    Барселона: Тер Штеген, Мингеса, Ленгле, Умтити, Алба, Де Јонг, Бускетс, Педри, Дембеле, Меси и Гризман.

    Стадион: „Парк на принцовите“ – Париз
    Судија: Ентони Тејлор (Англија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.