Фудбалерите на Севилја не успеаа да излезат како победници во двомечот со Борусија Дортмунд во 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите откако вчера на реваншот одиграа 2:2 и со вкупни 5-4 беа елиминирани.
Тренерот на Шпанците, Жулен Лопетеги, видно разочаран што неговите избраници не останаа во елитата на Европа, вели дека неговиот тим заслужи да оди во наредната рунда.
„Можевме да поминеме понатаму, го заслуживме тоа. Екипата напаѓаше одлично и играше со срце. Бевме подобри од Борусија во три полувремиња од четири“ – рече Лопетеги.

