Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Реал Мадрид започна преговори со Варан за нов договор
    Фудбал

    Реал Мадрид започна преговори со Варан за нов договор

    risteBy riste11/03/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанскиот гигант Реал Мадрид започна преговори за нов договор со еден од нивните главни дефанзивци – Рафаел Варан, пренесува „Марка“. Актуелниот договор на централниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува летото 2022 година.

    Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека ќе ја избегнат можноста да го загубат овој фудбалер без никакво обештетување за помалку од една година и се решени да му се посветат на играчот за многу подолг временски период. Според „Марка“, преговорите течат добро и наскоро се очекува договор меѓу двете страни. Во последно време се почести се шпекулациите за иднината на 27-годишниот дефанзивец, па дури имаше информации дека играчот им рекол на управата на Реал Мадрид  дека сака да замине на лето.

    Сепак, доколку се согласи на нов договор со актуелниот шпански шампион, Варан сигурно ќе ги олади амбициите на другите големи европски клубови да го привлечат во нивните редови. Французинот игра во Реал Мадрид од 2011 година, кога го купија од неговиот матичен клуб Ленс. Оваа сезона Варан има 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 гола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.