Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, го коментираше пласманот на тимот во четвртфиналето од Лигата на шампионите по осминафиналната прсметка против Барселона.
На првата средба парижаните во Шпанија како гости го совладаа противникот со резултат 4:1. На реваншот, Каталонците одиграа само 1:1 против ПСЖ и беа елиминирани.
„Да се дојде до четвртфиналето во Лигата на шампионите е гордост. Лично, веќе заборавив што се случи пред четири години (Барселона, по поразот од 0:4, победи со 6:1 и го нокаутираше ПСЖ). Историјата ќе остане историја, но ние одигравме одлично и ја поминавме силната Барселона, затоа сме среќни. Нејмар и Мбапе се играчи на ПСЖ и ќе останат така засекогаш“, изјави Ал-Келаифи за „Л’Екип.

