Раководството на Евертон ќе ангажира обезбедување за фудбалерите откако се случи напад врз голманот Робин Олсен, пренесува –„Daily Mail“. К
лубот откако им понуди лична заштита на сите играчи, организираше предавање за тоа како да се однесуваат фудбалерите во случај на судир со вооружени криминалци. Изворот додаде дека клубот ги предупредил колегите од Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, чии многу играчи живеат во близина за можната опасност.
Ќе потсетиме дека вчера непознати лица упаднале во куќата на шведскиот фудбалер во која се наоѓале неговата сопруга и двете деца и започнале да им се закануваат со нож и мачета. Како резултат на грабежот, криминалците однеле накит и скапи часовници. Полицијата нема излезено со детали околу истрагата.

