Интер потврди дека Артуро Видал вчера бил опериран успешно по повредата на коленото и денес ќе биде отпуштен од болницата.
„Артуро Видал беше подложен на операција на артроскопија на левото колено во Институтот Хуманитас во Рожано. Операцијата беше совршено успешна. Играчот ќе биде отпуштен од болницата во попладневните часови и ќе започне со фазата на рехабилитација во следните неколку дена“, се вели во официјалното соопштение на Интер.
Според извештаите, поранешниот играч за врска на Барселона ќе остане надвор од терените скоро еден месец.

