Барселона ќе се обиде да го продаде Антоан Гризман на лето, тврди „АС“. Французинот не ги оправдува очекувањата на „Камп Ноу“ и Каталонците сакаат да се разделат од него за да можат со парите да финансираат други трансфери.
Иднината на Гризман ќе биде меѓу првите големи одлуки што ќе ги разгледа новото раководство на Барселона. Според весникот „АС“, голема цел на Каталонците за летото е Ерлинг Халанд.
Сепак, разделбата со Гризман нема да биде лесна. Играчот се чувствува добро на „Камп Ноу“ и добро комуницира со своите соиграчи, без намера да си замине. Долго време го бараше Манчестер Јунајтед, а го следеше и ПСЖ, но сега ситуацијата е поинаква. Со оглед на финансиската состојба во клубот, светскиот шампион со Франција може да се жртвува за да може клубот да добие нови играчи.

