Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лукаку останува во Интер, независно од интересот на Манчестер Сити
    Фудбал

    Лукаку останува во Интер, независно од интересот на Манчестер Сити

    risteBy riste13/03/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голгетерот на Интер, Ромелу Лукаку, ќе остане на „Џузепе Меаца“ и покрај интересот на Манчестер Сити. Ова беше објавено од страна на еден од водечките медиуми во Италија, „Газета дело Спорт“ откако претходно се појавија информации од Англија дека Манчестер Сити веќе најде замена за Серхио Агуеро и тоа во името на Ромелу Лукаку.

    Нормално, по одличниот настап на Ерлин Халанд во осминафиналето од Лигата на шампионите, британските медиуми го свртеа вниманието кон него и почнаа да го поврзуваат со преселба во тимот на Пеп Гвардиола.

    Лукаку, од друга страна, нема намера да го напушти местото каде што ја оживеа својата кариера и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот. „Газета дело Спорт“ посочува на два главни фактори во решеноста на Белгиецот да остане во Интер – неговиот прекрасен однос со тренерот Антонио Конте и партнерот во нападот Лаутаро Мартинез.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.